Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед работи на трансфер за дефанзивецот на холандскиот Ајакс, Лисандро Мартинез. Некои медиуми на Островот веќе шпекулираат со сума од 40 милиони евра која англискиот клуб ја понудил за аргентинскиот репрезентативец.
Слична сума за фудбалерот понуди и Арсенал. Лисандро беше пријавен дека е проценет на 45-50 милиони фунти (52-57 милиони евра) од Ајакс.
Дваесет и четиригодишниот Мартинез е сестран фудбалер. Може да игра во средниот ред, во дефанзива, како и на страничната лева позиција, атоа му е добро познато на новиот стратег на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг, кој летово токму од Ајакс се пресели на клупата кај Манчестер јунајтед.
Лисандро минатата сезона одигра 36 настапи за Ајакс во сите натпреварувања и постигна еден гол.