СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(59) од село Табановце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. На 7 јуни 2019 во Куманово, пријавениот на банкомат во два наврати употребил пронајдена платежна картичка, сопственост на Ц.М., при што неовластено подигнал парични средства во вкупен износ од 60.000 денари.