Националниот театар,прашање кое дополнително ја вжештува и така пеколната политичка ситуација во Албанија се смета за еден од најубавите и најзначајните објекти по кој е препознатлива албанската метропола,но за жал треба да замине во историјата.
Тој е дело на италијанскиот архитект Џулио Берте, изграден 1938/39 година по барање на албанското кралско семејство. Целиот комплекс „Национален театар” опфаќа површина од 13 илјади квадратни метри, а на седум илјади од нив е објектот во кој освен тетатарот се и библиотеката, центарот на преведувачи, информативниот центар и слично.
Законот за уривање на Националниот тетар,без присуство на опозицијата донесе албанскиот Парламент во септември минатата година,со ветување од Владата дека ќе изгради нов посовремен објект.
Против негово рушење е опозицијата, поголемиот дел од албанските актери и дел од граѓанскиот сектор,кои обвинуваат дека Владата на премиерот Еди Рама на оваа атрактивна локација на свои приврзаници ќе им дозволи градба на повеќекатници.
Новиот Национален театар го проектира данскиот архитект Бјарк Ингелс,кој е оснивач и креативен партнер на меѓународно реномираната фирма Bjarke Ingels Group (BIG).
Театарот ќе се гради на парцела од 86.000 квадратни метри во центарот на Тирана, односно на плоштадот Скендербег на кој веќе се наоѓаат Националната опера и Националната уметничка галерија.
Новиот објект ќе биде модерна противтежа на постоечките објекти, додека плоштадот ќе стане заокружена, оформена целина наменета исклучиво за пешаци.
Формата на објектот е настаната со подигање на центарот на волуменот, со што се создадени јавни, урбани џебови, пролази и поврзаност со двете страни на објектот. Овозможено е засолниште во средината, каде што посетителите можат да седат и да уживаат во отворени перформанси.
-Театарот се отвора од земја, создавајќи влез за публиката, како и за изведувачите. Две големи скалишта водат до влезното фоаје од каде посетителите можат да продолжат понатаму до главната сцена, помалите театарски сали или до амфитеатарот на покривот.На покривот следи сличен пат. Покривот паѓа кон средината на објектот каде што се спојува и поврзува создавајќи доплнителен простор за изведби на отворено. Од амфитеатарот на покривот посетителите ќе можат да уживаат и во погледот кој се простира врз Тирана, изјави авторот на проектот при презентацијата што ја одржа во март минатата година.
За изработка на проектот Bjarke Ingels Group (BIG) соработувал со локалната архитектура фирма SON Engineering & Construction, како и група за театарски проекти со седиште во Париз.