Рускиот претседател Владимир Путин денеска му честиташе на новиот британски премиер Борис Џонсон и му посака успех, соопшти Кремљ.
– Во интерес на нашите земји и народи е да развиваме односи во различни сфери, се наведува во честитката на Путин упатена до Џонсон.
Односите помеѓу Русија и Велика Британија се тензични поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипл на британската територија.