Пред судијката Лилјана Зафировска-Петреска во скопскиот граѓански суд нa 6 ноември годинава треба да се појават неформалниот сопственик на „1 ТВ“, притворениот Бојан Јовановски и неговиот правен застапник и адвокат на приватна скопска болница во судска парница, јавува А1 он.
Долгот заради кој е поведен спорот е 10 313 евра, а станува збор за операција која Јовановски ја извршил неодамна во една приватна болница.