Седум општини ќе потпишат договори за финансирање на капитални проекти

Министерката за финансии Ширет Елези, директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава Марко Мантованели и градоначалниците на седум општини денеска во Министерството за финансии ќе потпишат договори за финансирање на капитални проекти.
Договори ќе бидат попишани со општините Чучер Сандево, Врaпчиште, Боговиње, Делчево, Кичево, Шуто Оризари и Македонски брод, преку Проектот за подобрување на општински услуги кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.
Треба да знаете
Последни објави