Хрватот Чилиќ може да го „елиминира“ и Ѓоковиќ од Вимблдон

Коронавирусот создава проблеми и оваа година на спортските настани. Престижниот тениски турнир, Вимблдон го има првиот заболен од Ковид-19, поранешниот финалист Марин Чилиќ, кој минатата недела тренираше со бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ. Чилиќ поради позитивниот тест беше принуден да го напушти турнирот, но во непријатна ситуација го доведе и Ѓоковиќ.

Хрватот беше фотографиран како игра на Централниот терен минатиот четврток со Ѓоковиќ, подготвувајќи се за Рафаел Надал кој му беше можен ривал во четврт-финалето.

-Ги следиме насоките од Владата на Велика Британија околу изолации и потенцијални инфекции со ковид, наведуваат од ПР службата на Вимблдон, но без прецизирани детали.

Треба да знаете
Последни објави