Се продава „ролс-ројсот“ на Елизабет Тејлор, ќе постигне астрономска цена

Двојната добитничка на „Оскар“, Елизабет Тејлор, го поседувала зелениот „ролс-ројс“ со години. Тој бил најдолгата љубов на Лиз имајќи предвид дека го користела од 1959 до 1970 година. Автомобилот е зачуван во беспрекорна состојба и денес.

Познат е како „зелена божица“, а следниот месец ќе биде понуден на аукција. Станува збор за моделот Silver Cloud II Convertible со поминати 64.000 километри. И покрај фактот дека таквите модели се продаваат за 700.000 долари, овој автомобил би можел да достигне повеќе од 10 милиони долари поради многу познатиот сопственик.

Основачот на аукциската куќа Guernsey’s Auction, Арлан Етингер, кој и продава автомобили, вели дека работите што биле во сопственост на познатата актерка се продаваат за пет пати повисоки цени.

Тејлор го нарача зелениот „ролс-ројс“ во 1959 година кога се омажи со пејачот Еди Фишер, а испорачан ѝ е една година подоцна во хотелот каде што живееле. Таа ја избра зелената боја поради бојата на фустанот што го носеше на венчавката. Исто така, и седиштата биле преслечени во кожа со специфични нијанси на зелена боја.

Треба да знаете
Последни објави