Американскиот рапер АСАП Роки (30) е обвинет за сериозен напад во Шведска откако наводно учествувал во улична тепачка, поради што ќе остане во притвор до судењето, соопшти денеска канцеларијата на шведскиот обвинител.
Реперот, продуцент и модел со потекло од Харлем, чие вистинско име е Раким Маерс, е во притвор од 3 јули заедно со двајца членови на неговиот тим поради тепачка што се случилa во Стокхолм на 30 јуни, по негов концерт, објави агенцијата „Ројтерс“.
Иако во неговиот случај се вклучи и американскиот претседател, Доналд Трамп, кој ги убедувашешведските власти да го пуштат Роки да се брани од слобода, сепак тој очигледно не успеал да издејствува ваква мерка.