Крвави 24 часа во Авганистан: Во експлозии низ земјата најмалку 56 загинати

Најмалку 56 лица загинаа во крвавите последни 24 часа во три авганистански провинции, соопшти ДПА.

Три експлозии одекнаа утринава во Кабул, главниот град на воено разурнатиот Авганистан, оставајќи зад себе најмалку 11 мртви, вклучувајќи и пет жени и едно дете, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во експлозиите беа повредени 45 други лица, додаде министерството.

Експлозиите се случија во источен Кабул.

-Прво експлодира бомба подметната мод минибус, потоа бомбаш-самоубиец се разнесе во близина на местото на нападот на возилото, а третата се случи кога непознати лица активираа бомба во автомобил, изјави портпаролот на Министерството  за внатрешни работи Насрат Рахими, нагласувајќи дека бројот на загинатите би можел да се зголеми.

Нападите се случуваат во моментот кога генералот Јозеф Данфорд, шеф на Здружениот штаб на американските сили се среќава со американски и НАТО претставници во Кабул.

Авганистанското Министерство за рударство потврди дека осум негови вработени се меѓу загинатите.

Талибанците ја презедоа одговорноста за бомбашкиот напад врз автомобил. Портпаролот Забихулах Муџахид тврди дека конвојот на “странски освојувачи” кој поминувал низ областа бил цел на бомбашкиот напад.

Ниту една група не презела одговорност за другите напади.

Во меѓувреме, хрватското Министерство за одбрана потврди дека двајцата хрватски војници кои беа повредени во вчерашниот напад од талибанците се во стабилна состојба.

Министерството, исто така, соопшти дека третиот повреден, 27-годишен војник, вчера им подлегнал на повредите во американската воена болница на аеродромот во Баграм, предизвикани од бомбашкиот напад .

Војникот бил советник за авганистанските безбедносни сили, наведе хрватското Министерство за одбрана.

Во меѓувреме, девет цивили – шест жени и три деца – се убиени во бомба покрај патот во источната авганистанска провинција Нангархар, објави канцеларијата на провинцискиот гувернер.

Четири други – една жена, две деца и возач – беа повредени во денешниот инцидент во областа Хоџјани.

Бомба подметната крај пат оштети минибус, во кој се наоѓало семејство што одело на венчавка, соопштени канцеларијата на гувернерот.

Канцеларијата на авганистанскиот претседателски ги осуди нападите.

Треба да знаете
Последни објави