Утре во Кисела Вода ќе се чисти и ќе се крпат дупки, граѓаните ќе можат да одложат кабаст отпад

Општина Кисела Вода утре во соработка со Градот Скопје ќе спроведе голема акција за средување на својата територија.

Со активностите во кои ќе бидат вклучени сите јавни претпријатија на Градот Скопје, невладини организации, сезонските работници и дел од администрацијата на Општина Кисела Вода ќе биде опфатено: чистење на сметот на сите јавни површини, миење на улиците и тротоарите со цистерна, косење на нараснатите тревни површини, ќе се сечат исушените дрвја кои претставуваат опасност за граѓаните, а ќе бидат исчистени и поголемите диви депонии. Додека на дел од улиците ќе се крпат ударни дупки.

Покрај ова граѓаните ќе имаат можност да го одложат својот кабаст отпад во поставените контејнери на ул. Ратко Митровиќ кај спортската сала, во паркот Пушкин и на раскрсницата на ул. Христо Татрчев со ул. Дебарска поточно кај Гет кафе.

Треба да знаете
Последни објави