Пејачката Ријана (31) на својот инстаграм-профил сподели фотографија на девојче кое неверојатно личи на неа.
„Речиси го испуштив мобилниот телефон од рацете. Како е ова возможно?“ напиша таа со објавата.
Станува збор за шестгодишно девојче чија фотографија на „Инстаграм“ ја сподели нејзината мајка Брија Кеј, која исто така ѝ направи посебен профил на социјалните мрежи, кој моментално го следат повеќе од 10.000 корисници.
Девојчето се прослави буквално преку ноќ. А ТВ-презентерката Тајра Банкс (45) ги замоли обожавателите да дознаат кое е девојчето за да ѝ понуди моден договор.