На 24.07.2019 во 09.30 часот на улицата Нов Живот во Скопје, Ј.М.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, удрило во М.М.(55) и малолетник од Скопје.
Во незгодата М.М. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетникот се здобил со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје, каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.