Викендов во Скопје кошаркарски пријателски турнир за кадети

Кошаркарите кои се дел од македонската репрезентацијата до 16 години, веќе повеќе од еден месец се во активен тренажен процес, а последниот е пријателскиот турнир кој се одржува во Скопје.

Селекторот Денис Дервишевиќ со своите стручни соработници ја темпираат формата на кошаркарите кои ќе ги бранат националните бои на континенталниот собир закажан за во август, а претстојниот викенд ќе ги одиграат последните пријателски натпревари во рамки на подготвителниот период.

Соодветните национални селекции на Израел, Полска и на Чешка ќе гостуваат во Скопје на пријателски меѓународен турнир кој ќе се одигра во спортската сала „Кале”.

Ден по одигрување на турнирот кадетите ќе заминат за Маврово на финални подготовки, а на 7 август предвидено е заминувањето за Удине, Италија на Европското првенство за кошаркари до 16 години.

Репрезентативците на Северна Македонија утре играат против Полска, во сабота против Чешка, а последниот натпревар е во недела против Израел.

Треба да знаете
Последни објави