Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека со картичките издадени од банката може да се вршат трансакции во трговија и на најголем дел од банкоматите. Наскоро ќе функционираат сите банкомати на Комерцијална банка. Активностите поврзани со функционирањето на останатите сервиси се во тек, за што дополнително ќе известиме, соопшти Комерцијална банка.