Љимај: Распуштањето на косовскиот Парламент само со согласност на партиите

Претседателот на косовската Социјалдемократска иницијатива Фатмир Љимај изјави дека по оставката на премиерот Рамуш Хардинај парламентот нема да може да се распушти бес согласноста на политичките партиии, што, исто така, оневозможува распишување вонредни избори.

Тој за приштинската телевизија К7 кажа дека и претседателот Хашим Тачи нема право да го распушти собранието без согласноста на политичките партии во парламентот.

-Не постои друг начин за избори освен распуштање на парламентот, рече Љимај, пренесе РТК2.

Љимај прецизираше и дека „распуштањето на парламентот не може да се прогласи без потребните 80 пратенички гласови”.

Треба да знаете
Последни објави