Мета побара од ОБСЕ да посредува во надминување на кризата во Албанија

Албанскиот претседател Илир Мета на синоќешната средба со генералниот секретар на организацијата за безбедност и соработка во Европа,ОБСЕ, Томас Гремингер, побарал ОБСЕ што поскоро да посредува меѓу политичките партии во земјата за решавање на кризата.

-ОБСЕ има посебно значење за евроатланската безбедност и за Албанија посебно. Таа е првата мултилатерална организација во која Албанија се приклучи по падот на комунизмот и која даде континуирана поддршка за зајакнување на демократијата и владеењето на правото во нашата земја. За да се врати нормалното функционирање на демократските институции и да се избегне натамошна ескалација на многу критичната ситуација во земјата, во интерес на кредибилитетот на ОБСЕ е што поскоро да се вклучи во надминување на сериозната криза во Албанија, рекол Мета.

Посочил дека и покрај неговите постојани и конкретни напори што ги презема досега за да ја спречи оваа ситуација, а поради обидите што ги превземаат одредени страни, уште повеќе е „уверен дека единствен начин е сеопфатен и искрен политички дијалог кој обезбедува целосно и конечно решение на оваа криза”.

Гремингер чиј престој во Тирана е во функција на подготовките на земјата за преземање на претседавањето со ОБСЕ во 2020 година се огласи на Твитер

-На средбата со претседателот на Албанија, се согласивме дека стабилноста и националното единство се клучни за напредокот и успехот. Албанија претседавач на ОБСЕ во 2020,напиша Гремингер на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави