Американската Влада по 16 години користи смртна казна, ќе бидат егзекутирани петмина луѓе

Одлуката на американската сојузна Влада за продолжување на егзекуциите, по 16-годишна пауза, предизвика остри критики на групите за заштита на човековите права и водечките демократи, пренесе Би-би-си.

Државниот обвинител Вилијам Бар вчера најави продолжување на егзекуциите. За декември 2019 и јануари 2020 година најавени се пет егзекуции.

Врховниот суд на САД забрани смртна казна на државно и федерално ниво во 1972 година. Наспроти одлуката на Врховниот суд, оставена е можност смртната казна да биде дозволена во иднина.

Само четири години подоцна Врховниот суд повторно расправаше за неа, при што беше повторно воведена во неколку држави. Во 1988 година Владата донесе закон, со кој смртната казна стана повторно достапна на државно ниво.

Сега смртната казна е прифатена во 29 држави. Сепак, поради различни фактори како бавната администрација, долготрајните жалбени постапки и релативно малиот број на осуденици на смрт, егзекуциите се многу ретки. Смртната казна се изрекува за најтешки злосторства, кои вклучуваат убиства, киднапирања, силувања на деца и постари лица и слични тешки казнени дела.

Треба да знаете
Последни објави