Евертон ги мати сметките на Арсенал: „Карамелите“ испраќаат понуда за Заха која не се одбива

Подолг период се пишува дека Арсенал е заинтересиран во своите редови да го донесе Вилфред Заха од Кристал Палас.

И самиот фудбалер наводно сакал да се пресели на „Емирејтс“, меѓутоа финансиите се голем проблем за Арсенал, па токму затоа трансферот се уште не е реализиран.

„Топчиите“ испратија понуда за Заха во висина од 40 милиони фунти и истата веднаш беше одбиена од страна на Кристал Палас кој го проценува својот играч на сума од 80 милиони фунти.

Сега, се пренесува дека во трката за потписот на крилниот фудбалер се вклучил и тимот на Евертон кој веќе ја стокмил првата понуда. Клубот од „Гудисон“ ќе испрати 60 милиони фунти плус еден играч, се верува дека тоа ќе биде напаѓачот Ченк Тосун.

Оваа понуда, за разлика од таа на Арсенал е вредна за разгледување, па Кристал Палас наскоро ќе треба да одлучи дали е доволна за да се ослободи од својот најдобар фудбалер во претходните неколку години.

Треба да знаете
Последни објави