Роналдо се враќа во Мадрид

 Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо ќе биде во фокусот на медиумите во понеделник, кога ќе се појави на настан во Мадрид, за првпат по заминувањето од Реал Мадрид.

 

Пред една година, Португалецот го замени „кралскиот“ клуб со Јувентус и разочара безброј обожаватели. На 29 јули напаѓачот ќе добие награда која се дава за извонредни заслуги во областа на спортот.

Од 1997 година наваму најпопуларниот шпански весник, удостоил со ова признание великани како Мајкл Џордан, Рафаел Надал, Мохамед Али, Усаин Болт, Лионел Меси, Мајкл Фелпс, Михаел Шумахер и Диего Марадона.

Роналдо стана првиот фудбалер со титули во Премиер лигата, Ла Лига и Серија „А“.

Треба да знаете
Последни објави