Предводникот на македонскиот сениорски кошаркарски тим, селекторот Драган Бајиќ го објави списокот на игхрачи на кои ќе смета за натпреварите против селекциите на Шпанија и на Украина во квалификациите за СП-2023.
– Бајиќ го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за јунскиот ФИБА „прозорец” од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година. Со оглед на краткиот временски период до првите квалификациски обврски, односно наредниот натпревар од квалификациите за Светскиот куп, закажан за први јули, кога гостуваме кај репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за еден потесен список од 14 кошаркари. Првиот собир на сениорскиот национален тим е предвиден да биде на 25 јуни, во салата на А1 Арената „Борис Трајковски” во Скопје, во каде „црвено-жолтите” ќе се подготвуваат до заминувањето за Сарагоса, како и по враќањето од Шпанија, информираат од Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија.
На списокот на Бајиќ се најдоа:Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром, Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром, Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром, Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром, Стојан Ѓуроски – Пелистер, Андреј Маслинко – ТФТ, Страхил Николов – ТФТ, Виктор Ташовски – ТФТ, Виктор Ефремовски – Гостивар, Валмир Какруки – Работнички, Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија, Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД), Рубин Стефанов – Италија.
Инаку, освен дуелот со Шпанија во Сарагоса, нашата сениорска селекција ќе одигра уште еден натпревар во јунскиот квалификациски циклус за пласман на Мундобаскетот.
На 4 јули во А1 Арената „Борис Трајковски” во Скопје, од 18 часот, ни гостува селекцијата на Украина.