Насилник со пиштол дивеел во Кочани, полицијата не успеала да го уапси

Триесет и седумгодишник предизвикал инцидент во казино во Кочани во раните утрински часови на 26 јули, при што најпрво физички се пресметал со две лица.

Потоа, преку телефон упатил закани до полицаец кој во тие моменти на бил на должност. Насилникот нападнал и членови на обезбедувањето на казиното, а во еден момент извадил пиштол и испукал.

Неговото дивеење било пријавено во полиција, по што полицајци дошле на местото на настанот, на кочанската улица „Димитар Влахов“, го пресретнале 37-годишникот и му наредиле да застане. Како предупредување кон него, биле испукани и два куршума во воздух.

Но, насилникот не застанал туку и тој испукал два куршума во воздух и се дал во бегство. Полицијата во моментов презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави