Актерката Скарлет Јохансон (34) неодамна беше ѕвезда на настанот „Комик кон” во Сан Диего, каде што го промовираше својот нов филм „Црната вдовица”, кој наголемо се снима.
Холивудска ѕвезда се појави во бела проѕирна комбинација, откривајќи ги своите нови тетоважи.
Скарлет исто така носеше и свршенички прстен вреден 400.000 евра, но ретко кој го забележа. Прстенот со кафеав дијамант од 11 карати од брендот „Тафин“ го дизајнира Џејмс Зиманси.
Скарлет Јохансон годинава се сврши со водителот на шоуто Saturday Night Live, Колин Џост со кого е во врска од 2017 година.