Централноафриканската Република е 14. земја која го повлекла, суспендирала или прецизирала својот став дека не го признава Косово, изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.
Тој, во гостување на РТС, ја покажал официјалната нота која синоќа ја добил од оваа држава, а која ја посети лани каде што разговараше со претседателот Фаустин-Арханге Туадера, пренесе „Танјуг“.
Дачиќ укажал дека Приштина тврди дека ЦАР го признала Косово, а дека во текот на неговата посета претседателот изразил чудење на оваа информација.
„После мојата посета, тие направиле мала истрага дали постои одлука или не во ЦАР и велат дека не постои никаков став со кој ЦАР го признава Косово“, рекол Дачиќ.
Тој додал дека со тоа ЦАР е 14. земја која се изјаснила на овој начин. „Косово тврди дека го признаваат 116 земји, сега можам да кажам дека тој бројот падна под 100. Целта ни е бројот да падне на помалку од половина членки на ОН“, рекол тој.