Американскиот претседател Доналд Трамп по телефонскиот разговор со новиот британски премиер кажа дека на Велика Британија и е потребен некој како Борис Џонсон , додавајќи дека тој го има „тоа што е неопходно”.
Трамп кажа дека очекува за време на мандатот на Џонсон да дојде до поголем раст на американско-британската трговија, пренесоа американските медиуми.
Трамп додаде дека двете земји веќе работат на новиот трговски договор што надалеку го надминува досегашниот обем на трговска размена.
Американскиот претседател наведе дека трговијата меѓу двете земји досега беше попречувана од односот меѓу Велика Британија и ЕУ.
Тој смета дека со Брегзит двете земји можат да оставарат многу поголема трговија и „очекуваме тоа да го постигнеме”, наведувајќи дека нејзинот обем на размена може да биде и пет пати поголем од досегашното ниво.