Две лица загинале кога се урнал внатрешен балкон во ноќен клуб во Јужна Кореја. Во несреќата се повредени 16 лица, меѓу кои и спортисти кои учествуваат на Светското првенство во пливање.
Во клубот во Гуџајанг имало стотина луѓе. Загинале двајца Корејци, а повредени се 10 странци, од кои осум спортисти и тоа тројца Американци, двајца Новозеланѓани, еден Холанѓанец, еден Италијанец и еден Бразилец. Ниту еден од повредените не е во животна опасност.
Полицијата соопшти дека е приведен еден од косопствениците на ноќниот клуб за да испитаат дали паднатиот балкон бил изграден без дозвола.
„Ова е ужасна трагедија. Играчите на нашите машки и женски тимови ја славеа својата победа на Светското првенство во кулобт“, изјави извршниот директорот на американската ватерполо репрезентација.