Советникот на косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли, Јелтир Зиберај, тврди дека не е точна изјавата на српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, дека Централноафриканската Република не го признала Косово, објави „Танјуг“.
„Тоа не е вистина. Верувам дека сите знаат дека пропагандистот на Милошевиќ со клеветење продолжува со своите неуспешни обиди против Косово“, рекол Зиберај за приштинскиот „Телеграфи“.