Србија жали за четворицата млади кои загинаа утрово кај Шабац, кога автомобилот во кој се возеле удрил во столб.
Како што информираа медиумите, кај селото Табановиќ автомобил „форд фиеста“ излетал од патот и удрил во столб за јавно осветлување. Во страшната сообраќајка загинаа три девојки и момче, а девојката која го возела „фордот“ е тешко повредена. Таа веднаш била пренесена во болницата во Шабац.
На местото на несреќата загинале Ивана Богуновиќ(20), Сара Лолиќ (18) и Миодраг Јовичиќ (19) од соседното село Мачвански Причиновиќ, како и Тања Лацковиќ(18) од Богатиќ. Автомобилот го возела Мја Лолиќ(20) сестра на загинатата Сара. Тие околу 4.30 часот се враќале од Шабац каде ја поминале вечерта во град.
На социјалните мрежи се појави и видео снимка на којасе гледа како петмината настрадани се веселат во ресторан со музика во Шабац. Видеото на својот инстаграм профил го поставила Сара, чија сестра го возела „фордот“.