Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е одлучен и посветен во најбрз можен рок да се донесе Законот за јавно обвинителство, со единствена цел да се обезбеди до крај правната држава и да не се дозволи да се бега од одговорноста.
-Граѓаните се изморени од одложувања на решенијата и бараат правда, веднаш, а партиите и пратениците, особено опозицијата не смеат да одолговлекуваат ни ден повеќе. Ја повикуваме опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ да покаже заложби за владеење на правото и за градење силни правосудни институции кои бескомпромисно ќе се борат против криминалот и корупцијата, на сите нивоа во општеството. Предлог законот за Јавното обвинителство поднесен од Владата влезе во собраниска процедура и очекуваме суштинска дискусија од сите политички партии и пратенички групи во интерес на граѓаните, правдата и напредокот во евроинтеграциите. Остануваме посветени на искрен и принципиелен дијалог кој ќе донесе резултат во интерес на државата, велат од СДСМ.