Џони Деп го возвраќа ударот: Покажа фотка од болница, Херд му гаснела цигара од лицето

Актерот Џони Деп во јавноста објави фотографија од него, како повреден лежи во болница. Овој потег актерот го направи откако неговата поранешна партнерка Амбер Херд го обвини дека трпела физичко нисиле од него. Деп не само што ги демантирал ваквите наводи, туку тврди дека Амбер е таа која што го малтретирала него.

Деп претходно ја тужеше Херд за клевета и побара отштета од 50 милиони долари, по што актерката презентираше фотографија на која на лицето и се гледат модринки.

Сега и Деп како доказ приложил фотографијана која тој е повреден, а наводно Амбер го погодила со шише. Деп вели дека му го повредила прстот и дека угасила цигара од неговиот образ.

Се работи за тепачка која се случила во март 2015 година во Австралија. Деп тврди дека не се точни тврдењата на Амбер дека тој бил пијан. Тој вели дека цел ден ја избегнувал и дека во тој момент бил трезен повеќе од година дена. Амбер, како што вели Деп, го следела до куќата и додека се расправале, тој си сипал вотка и ја испил. Во еден момент Амбер го погодила со шишето, а потоа со друго шише му го повредила прстот. Деп тврди и дека Амбер му изгаснала цигара од неговиот образ.
Амбер Херд на почетокот на годинва го обвинила Деп дека постојано ја тепал и ја давел за време
на нивниот краток брачен живот. Сведочела за неколку ситуации кога наводно, од некои од неговите напади, таа на телото се здобила со видливи повреди.

Актерот пред неколку месеци за прв пат зборуваше за обвиненијата со свои зборови, без посредник на адвокат.

-Го отфрлив обвинението на г-ѓа Хард сега, исто како и  во мај 2016 година кога првпат ме обвини. Таа дојде на суд со нацртани модринки за да добие привремена забрана за пристап, но сведоците и снимките од надгледните камери покажуваат дека немала модринки претходо, рече тогаш Деп.

Поранешните сопружници се запознаа во 2009 година, се венчаа во 2015 година, а нивниот брак траеше само 15 месеци. По обвиненијата Деп негираше сè и успеа да се спогодат за вонсудски развод од седум милиони долари, што Херд ги донираше за добротворни цели.

Треба да знаете
Последни објави