Речиси 1000 луѓе се евакуирани во Амурската област,во источна Русија, каде поради поплави прогласена е вонредна состојба. Според информациите, планирана е евакуација на уште 3.500 луѓе во загрозените подрачја.
Властите во тој регион, во четвртокот прогласија вонредна состојба, откако беа поплавени домовите на голем број граѓани поради поплавите предизвикани од обилни врнежи.
Регионалниот гувернер, Василиј Орлов, рекол дека најголемите поплави се очекуваат денеска, а дека тие им се закануваат на 21 село и на пет дистрикти, како и дека постојат планови за евакуација на околу 3.000 луѓе. Меѓу досега евакуираните се 333 деца.
Во евакуацијата учествуваа два хеликоптери, а на загрозените поделена им е хуманитарна помош.