Хорор: ФБИ откри канти полни со распарчени човечки тела, агентите во Научен центар затекнаа грозоморна глетка
Канти полни со делови од човечки тела, замрзнувач полн со машки полови органи и машко тело со сошиена женска глава се пронајдени од страна на агенти на ФБИ кога упаднаа во Биолошкиот центар во Аризона.
Агентите на ФБИ во центарот за донирање човечки тела упаднаа во 2014година, а тоа што го пронајдоа таму е обелоденето дури сега, кога осум семејства покренаа обвинение против овој, во меѓувреме затворен центар во Феникс.
Во обвинението стои дека центарот во сопственост на Стивен Гор профитирал распарчувајќи ги телата, т.е. продавајќи делови од тела без согласност на донаторите.
Освен деловите од тела, агентите во лабораториите на центарот пронашле и моторни пили со кои се парчосувани телата.
„Се беше полно со крв и телесни течности, а телата не беа прописно означени“, стои во обвинението. Еден агент раскажа дека пронашле „канти полни со човечки глави, раце и нозе“.
Машко торзо со пришиена женска глава висело на ѕидот, а во обвинението стои дека најверојатно станува збор за „морбидна шега“ на вработените во центарот. Истрагата покажала дека центрот илегално продавал делови од тела, и тоа глава за 500 американски долари, раце за 750 долари, а цело тело за околу 5.000 долари. Пронајдени се повеќе од 1.755 делови од човечки тела во установата, со вкупна тежина од 10 тони.
„Ова е хорор приказна. Оваа приказна е неверојатна“, изјави Трој Харп, човекот кој на центарот му ги донирал телата на својата мајка и баба во 2012 односно 2013 година. Ми беше речено дека телата ќе ги користат за научни цели – за испитување на тумори и леукемија.
Според обвинението, илегалните работи во центарот започнале во 2007 година. Обвинителот наведува дека установата ги измамила донаторите и ги навела да веруваат дека телата ќе бидат користени за истражување на болести или донирање на органи.
Мат Паркер, агент на ФБИ кој бил на самото место и морал да носи вреќи полни со делови од тела, вели дека после тоа му е дијагностициран Пост трауматски синдром ПТСП.
„Не можев да спијам ноќе откако го видов сето тоа. Изгледаше како некоја депонија со растргнати тела“, рече тој.