(Видео) Лас Вегас нападнат од скакулци, луѓе ги споредуваат со хорор филмови и апокалипса

Голема наезда на скакулци во Лас Вегас. Ентомолог од Невада ги предупредил жителите дека тие ќе се задржеле во тоа подрачје уште неколку недели.

Фотографии и видеа од скакулци како скокаат под уличните светилки пред хотелите и забавните содржини, оваа недела почнаа да се шират на социјалните мрежи.

Луѓето на Твитер ги споредуваат скакулците со ситуации од сцени од хорор филмови, споменуваат и библиски делови и знаци за апокалипса.

Embedded video

Сепак, ентомологот од Невада, Џеф Најт, рекол дека жителите не треба да се грижат, дека скакулците не носат болести ниту гризат, како и дека најверојатно нема да предизвикаат никакви штети.

„Општо тие само јадат листови. И кога се вака многу, имаат тенденција да се движат кон север“ додал Најт.

Тој објаснил дека се работи за вообичаен пустински вид сакакулци, познати како рамнокрилести, кои се толку бројни како резултат на влажното време во зимата и пролетта.

Треба да знаете
Последни објави