Околу 40.000 литри нафта се излеа во водите на јужен Пацифик, по инцидент на терминалите на рударска компанија на остров на јужна Патагонија, во Чиле.
Инцидентот се случил вчера, за време на активности на компанијата ЦАР, на терминал на островот Гварело, 250 километри северозападно од Пуерто Наталеса, соопштија чилеанските власти.
Нафтата се излеала во зоната која спаѓа во подрачјето со најчиста вода на планетата и е со богати екосистеми.
Локалните власти наредиле истрага за тоа што го предизвикало истекувањето на нафтата и кој е одговорен за хаваријата.