Почина актерот Гоце Влахов

На 70 години денеска почина актерот Гоце Влахов. Роден на 12 мај 1949 година во Скопје. Македонскиот глумец, кој во својата богата кариера глумеше во повеќе филмови и серии, публиката најмнаогу го памети по улогите во „Македонските народни приказни“, но и во „Трст виа Скопје“, „Во светот на бајките“ и „Тврдокорни“.

Влахов глумеше и во филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, а последната улога ја имаше во 2010 година во филмот „Мајки“, исто така на Манчевски.

Колеги се простуваат од него на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави