Дани Алвеш, поранешната ѕвезда на Барселона и најтрофејниот фудбалер на сите времиња, е уапсен во Барселона откако беше обвинет за сексуален напад во ноќен клуб. Бразилецот беше донесен на сослушување утрово, по што судот му одреди притвор без право на ослободување со кауција.
Контроверзниот настан се случил на 30 декември во ноќен клуб во Барселона, а жената тврдела дека Алвеш, наводно, без нејзина согласност ставил рака во нејзината долна облека. Неговиот адвокатски тим ги отфрли сите обвинувања, велејќи дека нивниот клиент бил само кратко време во тој ноќен клуб и нема никаква врска со обвинувањата.
Самиот Алвеш потврди дека бил во ноќен клуб, но ги отфрли сите обвинувања. Тој изјави дека ова е обид да му наштети нему и на неговите најблиски.
Во моментов Алвеш е фудбалер на мексиканскиот „Пумас”. На Светското првенство во Катар, фудбалерот учествуваше на два натпревари како дел од репрезентацијата на Бразил.
-Танцував со другарите и добро се забавував, без да навлегувам во нечиј личен простор. Не знам која е оваа жена, како да му го направам ова на некого? – изјави Алвеш претходно за шпанските медиуми.
Тој дојде во Барселона на погребот на мајката на сопругата.