(Видео) Бијонсе откри како ослабела по раѓањето на близнаците: Се чувствував како во туѓо тело

Бијонсе сите ги остави без здив кога се појави на „Коачела“ само неколку месеци по раѓањето на близнаците. Таа призна дека патот за враќање во форма не бил лесен.

Во новото видео што го објави на Јутјуб каналот таа прикажа како изгледал нејзиниот пат до витка линија.

„Добро утро. Сега е 5 часот наутро и ова прв ден од подготовките за ‘Коачела’. Кошмар на секоја жена…Ова е мојата тежина. 79 килгорами. Пред нас е долг пат“, вели пејачката додека се качува на вага.

Во видеото можеме да ја видиме Бијонсе како вежба и како се храни според програмата на Марко Боргес „22 Days Nutrition“. Тој за Бијонсе подготвил веганска исхрана на база на билки.

„Знаеме колку се моќни билките. Исхраната базирана на билки се заснова на елиминација на преработената храна која не носи ништо добро. Ако јадете растителна храна ќе имате повеќе енергија“, рекол Богес.

За да постигне резултати Бијонсе се откажала од леб, јаглени хидрати, шеќер, месо, млеко, риба и алкохол.

Идејата на „22 Days Nutrition“ е за 21 ден да се ослободиме од лошите и нездрави навики, а 22. ден оние кои се истрајни да сфатат дека конечно создале здрави и добри навики на исхрана.

Треба да знаете
Последни објави