Во првите шест месеци, телескопот Џејмс Веб испрати визуелно зачудувачки слики кои се од непроценлива вредност за науката, а сега е потврдено дека ја откри својата прва егзопланета.
Таа е 41 светлосна година оддалечена од нас, во соѕвездието Октантус. Го доби името LHS 475 b, а научниците потврдија дека нема сомнеж дека она што Веб го „видел“ навистина е таму. Дополнително, тие истакнуваат дека моментално тој е единствениот телескоп кој може да детектира далечни егзопланети, а со тоа и да го одреди типот на атмосферата на оние кои по големина се слични на Земјата.
Да потсетиме: телескопот Џејмс Веб беше лансиран на 25 декември 2021 година и со тоа го започна своето долго патување во вселената. Успешното лансирање беше само првиот чекор. Тој е најмоќниот телескоп досега, вредна алатка за толкување на потеклото на космосот. Веќе во февруари 2022 година, тој ги испрати првите слики – со помош на Near Infrared Camera (NIRCam), односно камера за снимање на длабок простор во блискиот инфрацрвен спектар, сними ѕвезда, која се појави на сензорот 18 пати. – секоја точка е резултат добиен од едно од 18 огледала.
Се очекува да продолжи да открива неверојатни работи и да испраќа нови детали за планетата LHS 475 b. Во моментов се претпоставува дека тоа не е егзопланета каде што е возможен живот како што го знаеме, бидејќи температурата на површината се проценува на околу 300 степени Целзиусови. Во блиска иднина би можела да се појави нова планета, можеби уште послична на онаа на која живееме.
A whole new world!
41 light-years away is the small, rocky planet LHS 475 b. At 99% of Earth’s diameter, it’s almost exactly the same size as our home world. This marks the first time researchers have used Webb to confirm an exoplanet. https://t.co/hX8UGXplq2 #AAS241 pic.twitter.com/SDhuZRfcko
— NASA Webb Telescope (@NASAWebb) January 11, 2023