Не е тајна дека пушењето цигари е една од најлошите работи со кои му наштетувате на вашето здравје.
Иако науката го тврди спротивното, една блогерка која е веган тврди дека постои нешто полошо од ваквата штетна навика, а тоа е консумирањето на јајца.
Диететичарката Викторија Тејлор во една прилика рекла дека претходно се сметало дека треба да го ограничиме внесот на јајца во организмот на 3 до 4 неделно, токму поради холестеролот.
“Жолчките се проблемот. Сепак, новите истражувања тврдат дека холестеролот кој се наоѓа во храната како што се јајцата, не влијае на холестеролот во крвта на здравите луѓе. Полоши последици по организмот имаат масните киселини кои се наоѓаат во путерот и масното месо”, заклучила Тејлор.
Современите истражувања дури тврдат и дека консумирањето на едно јајце на ден не го зголемува ризикот од срцеви заболувања кај здравите лица.