Лучијано Спалети би можел да го напушти Наполи доколку Калиду Кулибали биде продаден.
Како што пренесува „Диарио Спорт”, главниот тренер на „наполитанците” го известил раководството на клубот дека ќе поднесе оставка доколку дефанзивецот биде продаден.
Претходно беше објавено за интерес на Барселона, ПСЖ и Челзи за Сенегалецот.
Денес се појави информација дека Кулибали се согласил да му биде намалена платата само за да остане во клубот од Неапол.
Договорот на Кулибали со Наполи е до летото 2023 година.