Украинец и Русин повредени во сообраќајка кај Радовиш

Украиенц и Рус се повредени во сообраќајна несреќа, вчера кај село Лакавица, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 15.20 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш кога автомобил „Мерцедес“ што го управувал В.Б.(65) од Украина, со живеалиште во Радовиш, излетал од патот. Возачот и сопатникот И.Ф.(63) од Русија, со живеалиште во Радовиш биле пренесени во Клиничката болница во Штип.

Таму им била укажана лекарска помош и кај В.Б. констатирани биле телесни повреди, додека кај И.Ф. констатирани биле тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави