Тешко повреден малолетен моторџија во Скопје

На 28.07.2019 година во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Христијан Тодоровски-Карпош малолетник од Скопје управувајќи мопед „Пијаџо“ со скопски регистарски таблици изгубил контрола над мопедот и паднал.

Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Треба да знаете
Последни објави