Продолжува трендот на иселување во Германија

Бројот на македонски државјани кои се иселуваат во Германија од година во година повторно се зголемува, пренесува „Дојче Веле“, повикувајќи се на податоци од германското Биро за статистика.

Според податоците, во 2018 година, во оваа европска земја среќата ја побарале 18.478 македонски државјани, од кои 7.812 не се вратиле во својата земја.

Во однос на претходната, 2017 година, нето бројот на оние кои останале да работат и живеат во Германија е зголемен за 30 проценти. Споредувајќи ги податоците, може да се забележи дека рекордната 2015 година, кога беа забележани преку 24.000 заминувања од државава, од кои 12.000 не се вратија, сѐ уште не е достигната, но бројот на наши државјани кои се иселуваат во Германија од година во година повторно се зголемува.

Треба да знаете
Последни објави