Македонската ракометна легенда Кирил Лазаров кој на крајов од сезоната замина во играчка пензија одигрувајќи ги последните мечеви за францускиот Нант по што му се посветува целосно на селекторскиот позив со „црвено-жолтите“, ќе биде цпецијален гостин на завршницата од ЛШ во Келн. ЕХФ испрати специјална покана до Лазаров да му оддаде признание за се што направи за ракометната игра.
Лазаров влезе во историјата на ова натпреварување, останува број еден стрелец на Ф4 турнирите со 68 гола, исто колку што има и Микел Хансен. На оваа позиција ќе остане уште една сезона, бидејќи на годинешниот фајнл-фор нема „закана“ од ниту еден друг ракометар.
Полуфиналните средби во „Ланксес Арената“ се закажани за денеска, првата средба се игра во 15:15 часот меѓу Веспрем и Кјелце, додека втората стартува во 18 часот меѓу Барселона и Кил.