Нова оптичка илузија хит на интернет: Колку бои гледате на сликата?

Со години наназад на социјални мрежи се појавуваат оптички илузии кои често не тераат да се запрашаме „како е ова возможно“. Сите се сеќаваат на сино-црниот фустан, кои многумина го гледаа како бело-златен, а нова илузија повторно го привлече вниманието на многумина.

Имено, станува забор за фотографика која се појави на интернет, која ги подели луѓето на оние кои ја гледаат како фотографија во боја и такви кои ја перцепираат на вистински начин.

На фотографијата има неколку тинејџери кои се подготвуваат за фотографија со желка што е во рацете на една од девојките.

Иако на прв поглед изгледа дека оваа фотографија е во боја, таа е всушност црно-бела. Причината зошто некои сметаат дека е во боја е поради мрежата преку фотографијата, односно квадратите со различни бои поради кои ни изгледа дека тинејџерите носат сини, црвени, зелени и жолти маици.

Треба да знаете
Последни објави