Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен не се откажува од намерата да го ангажира сенегалскиот напаѓач Садио Мане, иако Ливерпул веќе одби две понуди од бундеслигашот, пренесуваат денеска англиските медиуми, додавајќи оти меѓу двата клуба почнува нова рунда преговори.
Според „Скај Спорт”, Баерн и Ливерпул веќе овој викенд повторно ќе седнат на преговарачка маса, а третата понуда од Баерн се очекува да биде приближно на износот што би го задоволил Ливерпул да му дозволи трансфер на Мане.
Раководството на Ливерпул претходно не прифатило понуда од 30 милиони евра, плус дополнителни бонуси, кои според медиумите, се всушност и причината за таквата одлука на премиерлигашот.
Се најавува дека доколку дојде до договор, Мане ќе потпише тригодишна соработка со Баерн.