Дезинформаторот Милошоски со лажни вести ги срамоти државата и граѓаните, да си поднесе оставка

Антонио Милошоски ја злоупотреби говорницата во Собранието и пратеничките прашања, за да шири лажни вести со што го наруши угледот на Собранието и меѓународниот углед на државата, обвини Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

-Дезинформаторот Милошоски се промовира како најголем извор на лажни вести и дезинформации. Лагите на Антоинио Милошоски дека наводно бизнисмен бил рекетиран и барал помош во амбасадата на Белорусија во Белград и официјално беа демантирани од Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија. За неговите лажни тврдења, во официјалното известување од Конзулатот јасно е наведено дека „се што беше искажано од собраниската говорница се едноставно лажни вести”.

Според него, ваквото срамно, неодговорно и недостојно однесување на Милошоски не се случува за првпат.

-Јавноста памети дека претходно, Милошоски лажеше дека дури седум земји членки на ЕУ биле против да ги започнеме преговорито со Унијата, што беше експресно демантирано од високи претставници на ЕУ. И тогаш, како и сега Милошоски не покажа ниту грам одговорност и воопшто не се извини за изнесените лаги. Со тоа и тогаш и сега Антонио Милошоски покажува дека свесно и намерно шири лажни вести што се на штета на угледот на државата, на штета на интересите на граѓаните на Република Северна Македонија. Дезинформаторот Милошоски не е достоен да ја извршува функцијата пратеник и мора веднаш да поднесе оставка. Уште еднаш се потврди дека единствената понуда на ВМРО-ДПМНЕ се лажни вести, дезинформации и конструирани случаи против интересите на државата и интересите на граѓаните, рече Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави