Предупредување за ерупција на вулкан на францускиот остров Реинион

Вулканот Питон дела фурнес, кој се наоѓа на францускиот остров Реинион, ги покажа првите знаци на сеизмичка активност, предупредува локалната вулканолошка опсерваторија, пренесува „Спутник“.

Вулканот се наоѓа на југоисточната страна на Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан. Вулканот висок 2600 метри се смета за еден од најактивните на планетата и избил повеќе од 150 пати во текот на изминатите 300 години.

Обсерваторијата регистрирала ширење на магмата кон површината откако во неделата беше регистрирана сеизмичка активност во северниот дел на вулканот.

Властите на Реинион прогласија вонредна состојба, забранија пристап до горниот дел на Питон де ла фурнес и забранија слетување на авиони во областа.

Вулканот е главна туристичка атракција на Реинион. Последната ерупција се случи на 18 февруари.

Треба да знаете
Последни објави