Велика Британија отфрли идеја за размена на танкерите со Иран

Велика Британија ја отфрли денеска идејата за размена на задржаните нафтени танкери со Иран. На почетокот на месецот, иранските власти задржаа нафтен танкер кој пловел под британско знаме, откако претходно британските сили задржаа ирански нафтен танкер, во близина до Гибралтар, обвинувајќи дека ги прекршува санкциите против Сирија.

– Не станува збор за никаква размена. Станува збор за меѓународно право и за почитување на меѓународните правила, на кои инсистираме, изјави за Би Би Си британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб, кој побара Техеран да го ослободи танкерот.

Треба да знаете
Последни објави