Уругвајскиот 35-годишен напаѓач Луис Суарез ќе ја продолжи кариерата во аргентинскиот гигант Ривер Плата, јавија денеска шпанските и аргентинските медиуми.
Суарез има договор со шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид до 30 јуни по што ќе се пресели на култниот стадион „Монументал” во Буенос Аирес без обесштетување.
Според медиумите, Суарез веќе ги договорил условите за соработка со Ривер Плата, каде ќе го замени талентираниот 22-годишен Хулиан Алварез, кој треба да се пресели во Манчестер сити.
Суарез настапуваше во Јужна Америка само на почетокот на својата кариера, кога по една сезона во Национал од Монтевидео се пресели во Европа и ги носеше дресовите на Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и мадридски Атлетико.